Наоми Кембел: Нештата што ги правам денес, не се веќе само за мене

20 октомври 2020

Не е новост што Наоми Кембел е на насловна страна на „Вог“, досега ја красела повеќе пати. Но, овој пат од магазинот одлучија да го стават фокусот на тоа што им значи Наоми на новите генерации модели, особено оние со темна боја на кожа.

Приказната започнува за тоа како оваа година за неа е навистина тешка.

„За време на карантинот одлучив да ги оставам цигарите, но еден од најдобрите пријатели си го одзема живот и тоа навистина ме погоди. Се јавив на пријател во Израел, тој е одличен со справување на зависност од шеќер и цигари и ќе правиме сесии. Ми кажа прво да ја издржам неделава, па потоа се' друго“, вели Кембел.

Но, тоа не било единствениот предизвик. За време на карантинот, починала и нејзината баба Руби, со која Наоми пораснала. Поради пандемијата, не знаела што да прави, но сепак успеала да ја види пред збогувањето. Вели дека овој период за неа е исполнет со многу тага, но истовремено и љубов.

Без разлика што се случува, таа секогаш оддава впечаток на силна жена, голем професионалец и борец против расизмот.

Токму затоа, освен неа, за Вог позираа и некои од моделите на кои им помогнала, била инспирација и ги земала под своја закрила.

„Моделингот умее да биде застрашувачки свет, а поддршката од некој да значи се'. Госпоѓата Наоми има земено многу модели под нејзина закрила. Немаше да бидам тука да не беше таа тука и таква каква што е“, вели Угбад Абди.

Своето искуство со Наоми го сподели и Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд. 

„Наоми секогаш успева да оствари автентична врска со дизајнерите, уредниците, фотографите... и секогаш ме охрабрувала да го правам истото“.

Меѓу оние што зборуваа и се фотографираа со Наоми е и моделот Акеч.

„Секогаш стои цврсто на земја и секогаш биди тоа што си, вистинската ти, тоа се најдобрите совети што сум го научила од неа. Таа е моето семејство, мојата „мама“ и мојот идол и секогаш ќе биде“, вели младата моделка.

Анок Јаи пак вели дека ѝ се восхитува бидејќи својата влијателност ја користи за важни работи, да зборува против неправдата и нееднаквоста.

Една нејзина изјава уште од 1996 година се памети и денес:

„Повеќето жени на кои им се восхитуваме- Мадона, Џенет Џексон, Шерон Стоун, Барбара Срејсенд, Опра...кога жените стојат цврсто на земја и се борат за нешто, се нарекувани кучки. А кога маж го прави тоа, тогаш тој е некој што работи вредно. Не ми е гајле дали ќе ме нарекуваат кучка или не. Се борам за мојот интегритет, да ги правам нештата правилно“.

И тоа вели не се променило до денес.

„Никогаш не сакав луѓето да помислат дека тоа што сум црна е изговор, дека поради расизмот не сум била доволно добра... Среќна сум што сите сме на иста страница, што сите се чувствуваат добро кога ќе го искажат своето искуство, без стигма. Но, за мене ништо не се промени. Јас ќе зборувам се' уште на истиот начин. Има неколку работи што би сакала да ги направев додека бев помлада, а кои ми рекоа дека не би биле добри за мојата раса. Сега, работите што ги правам не се само за мене повеќе. Повеќе мислам во насока на мојата култура и раса, отколку на самата мене“.

 

Објавено:
20 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
651 пати
Тагови: 
Наоми Кембел