Како се шминка Наоми Кембел?
„За мојата кожа се грижам уште како дете, бидејќи мајка ми секогаш ми велеше да ставам крема за хидратација“, вака Наоми Кембел ја започнува својата видео-приказна за „Вог“, посветена на негата на лицето и начинот на кој што се шминка.
Таа во видеото ја кажува нејзината рутина, која вклучува пилинг, крема за лице, посебно внимание обрнува на брадата и образите.
„Сакам кожата да биде сјајна и хидрирана“, вели моделот.
Таа откри дека користи микс на витамин Е и хиалуронска киселина во виду на серум.
„Кога бев помлада мислев дека треба на лицето да ставам сè што поседувам, бидејќи така треба моделите да изгледаат. Денес, за да постигнам совршен тен на моето лице, правам комбинација од три тона, бидејќи многу е потешко да го постигнете тоа на темна кожа. Воопшто не сум добра во средување веѓи, а ако тоа го утнете, може да биде вистинска катастрофа“, се само дел од нештата кои супермоделот ги открива во видеото.
Погледнете.