Нашата манекенка Ивана Манас на ревија на дизајнерот Рик Овенс

6 март 2021

После ревијата на Долче и Габана на неодамна завршената Миланска модна недела, македонскиот модел Ивана Манас беше дел од модното шоу на Рик Овенс.

Дизајнерот се одлучи да ја презентира својата нова колекција за сезона есен-зима 21/22 во Венеција, во една како ќе рече, постапокалиптична атмосфера на самиот брег. 

Манас можевме да ја видиме три пати на пистата, а од матичната агенција на моделот, „Моделс Ин Менаџмент“ велат дека будно го следат секој нов ангажман и очекуваат наскоро да ја видат во Париз или Њујорк.

„Ѝ посакуваме многу среќа и нека си го живее сонот со широко отворени очи“, велат од агенцијата, која може да се пофали со богато портфолио и како матична агенција на повеќе македонски модели со интернационална кариера, меѓу кои се и Елена Реи и Ана Калачоска.

 

Инаку, Рик ОВенс неодамна изненади и со негова линија мебел инспирирана од архитектонски елементи од брутализмот и германските бункери од Втората Светска војна.

 

Објавено:
6 март 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
839 пати