Нашиот модел Елена Реи во едиторијал за познатиот моден магазин Shinsegae

7 јули 2022

Македонскиот топ модел Елена Реи ја продолжува својата интернационална кариера по двегодишниот неизвесен период. Нејзините професионални ангажмани ја однесоа во Сеул, Јужна Кореја.

Реи во Сеул се фотографираше за едиторијал за престижниот магазин Shinsegae.
За овој едиторијал ја стилизираше познатата стилистка Lee Yoon Kyung во комбинации од Том Форд, Миу Миу и Гучи.

„Нејзиниот престој во Сеул и донесе и голема модна кампања за Chopard. После долгата пауза заради Ковид пандемијата, Реи сега повторно се враќа во модните центри", изјавија од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.

 

Објавено:
7 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
285 пати
Тагови: 
Елена Реи