Успешна 2017 за македонскиот топ модел Елена Реи

11 декември 2017

Вообичаено крајот на годината сите ги сумираме впечатоците, а нашиот топ модел Елена Реи, која периодов одмара во Скопје и се подготвува за новите професионални ангажмани, има навистина за што да се пофали кога е во прашање 2017 година со што се надоврзува на нејзиниот континуиран успех веќе неколку години наназад.

Таа е еден од најактуелните и најангажираните наши топ модели во светски ранг, па годинава имавме можност да ја видиме во неколку престижни едиторијали во светски познати магазини, кампањи на познати брендови како и на насловни страни.

„Елена е навистина неуморна откако се врати од Сеул. За само два месеци беше во Париз, ,Милано и Берлин каде имаше сликања и кампањи за познати брендови помеѓу кои и за врвниот бренд Nino Cerruti", вели Алек од нејзината матична агенција Моделс Ин.

Пред извесно време таа се појави и на насловната на етаблираниот магазин Авенуел, а последни големи проекти на кои работеше беа и кампањите на Sephora, Kappa, брендот за накит Belprarl, Chaume, Galeries Lafa Yette... Еден од најзначајните ангажмани за годинава што изминува беше и луксузниот едиторијал за магазинот Elle во раскошните креации за Зухаир Мурад.

„Елена Реи деновиве оди за Виена, па после тоа лета на друг крај на светот, а ние се радуваме на сите нејзини нови постигнувања и успеси", додава Алек Наумовски.

P.S Денеска Елена полни 22 години. Ѝ посакуваме среќен роденден и уште бројни успеси!

Објавено:
11 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.380 пати