Нашите омилени ТОП 5 фустани од ЕЛЕНА ЛУКА со големи сезонски попусти

8 јули 2022

Во тек се големите сезонски попусти на уникатната дизајнерска понуда на нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. И се подразбира: Сега е вистинско време за летно шопинг освежување!

Кликнавме на www.elenaluka.com и се препуштивме на уживањето: фантастичен избор на уникатни, дизајнерски модели со намалени цени од 30% до 50%.

Од елегантни и дамски до сетови со спортска естетика, ЕЛЕНА ЛУКА ќе го збогати вашиот гардеробер со безвременост, женственост и впечатливост.

Ги одбравме нашите ТОП 5 фаворити меѓу неодоливите фустани што поскауваме оваа сезона да ги прошетаме на некое убаво летно зајдисонце.

Безвременски, дамски макси фустан во бела боја. Изработен од лен, со нагласен струк, во пријатен А крој. Нема поголемо совршенство од овој модел, особено комбиниран со сламен шешир.

Романтичен бел фустан со карнери. Безвременост прикажана преку трендовска естетика.

Асиметричен, сатенски фустан во шармантна нијанса на лаванда. Модел што совршено му прилега на ова лето.

Се подготвувате за коктел забава? Ова е идеалниот стилски избор со кој ќе постигнете максимален елегантен изглед, а притоа ќе бидете впечатливи и тренди. Миди женствен фустан во крој што ја следи линијата на телото и добива идеална целина во комбинација со елегантни салонки.

Лелеаво, шармантно, романтично. Сѐ во совршен спој во дизајнот на еден дамски модел на миди фустан во бела боја, со нагласен струк и корсетиран горен дел. Заводливо и впечатливо.

„Mid season sale" акцијата е активна до 31 јули.

 

Објавено:
8 јули 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.101 пати