Нетипични модели во кампањата на Марк Џејкобс

16 јануари 2015

По минатата кампања за која моделите ги бираше преку Инстаграм, Марк Џејкобс одлучи успешната тактика повторно да ја примени за новиот проект и тоа за пролетната кампања, во која преовладуваат еклектични изгледи, минимално користење на шминка и интересни нијанси на прамени на косата.

Дејвид Симс и овој пат е заслужен за фотографиите кои беа направени во студио, а кампањата која во фокусот ги става токму младите модели, е доказ дека брендот е во тек со светските трендови. По оваа фото сесија, не се сомневаме дека лицата кои беа дел од овој проект ќе продолжат да бараат нови ангажмани како модели, а во продолжение погледнете ја кампањата, во која главни ѕвезди се тотално анонимни лица бирани преку Инстаграм и Твитер.

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Актуел