Никогаш попопуларен: Бутик „Корона“ е вистински хит во Индија!

25 март 2020

Во сојузната држава Керала, во Индија, постои бутик кој е попопуларен дури и од светските брендови во моментов, а сè поради неговото име - „Корона“.

Сопственикот на продавницата за облека, Парид, ја отворил уште пред 27 години, но никогаш немало толкав интерес за неа како сега .

Како вели, голем број луѓе доаѓаат до продавницата да се сликаат, да направат селфи. 

„Некои само се насменуваат кога ќе ме видат. Многумина поминуваат оттука со автомобили, па кога ќе дојдат до мојот бутик, ја подаваат главата нанадвор, да видат подобро“, вели сопственикот, а пренесува сајтот „Viral Tab“.

Името го одбрал случајно, во речник, не претпоставувајќи колку ќе стане популарно. 

Сепак, како вели за „Џакарта њуз“, продажбата не оди колку што одат селфињата и дека кризата од овој вирус се чувствува и во Индија.

 

 фото извор:facebook.com/Microbiology-Mantra;

 

Објавено:
25 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
326 пати