Никол Кидман е новото заштитно лице на „Викторија Бекам“

10 април 2017

Викторија Бекам преку својот Инстаграм профил ја најави соработката со познатата актерка Никол Кидман.

„Никол Кидман изгледа прекрасно во мојата Викторија Бекам есен-зима 2017 колекција“, напиша дизајнерката.

Ова можеби и не беше толку тешко да се претпостави, ако се има предвид дека актерката неодамна во повеќе наврати се појави токму во креации на поранешната членка на „Спајс Грлс“.

Според коментарите, Бекам го направила вистинскиот избор и нема сомнение дека ова ќе ја однесе чекор понатаму кога е бизнисот во прашање.

Не само што е дама во секоја смисла на зборот, Кидман има и искуство кога се соработките со модните брендови во прашање. Таа беше и заштитно лице на „Шанел“ и „Џими Чу“. Исто така, нејзините јавни појавувања секогаш предизвикуваат внимание, па Бекам уште еднаш покажа дека знае да ги препознае вистинските можности.

Објавено:
10 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
609 пати