Нивеа има решение доколку вашето дете се изгуби на плажа

28 јуни 2014

Секој родител кој барем еднаш бил на море со мало дете, знае колкав стрес предизвикува константното трчање по детето на плажа. Сепак, на ваквите проблеми наскоро му доаѓа крајот. Маркетиншката агенција FCB од Бразил, за познатата компанија Нивеа создаде апликација која во иднина ќе биде прва помош на родителите ширум светот. Всушност, во магазините каде се наоѓа реклама за детска крема за сончање, стои специјална алка која се става на раката на детето, а потоа се превзема Нивеа апликацијата со чија помош ќе можете полесно да го најдете вашето дете доколку се изгуби на плажата. Откако ќе ја имате апликација на вашиот телефон во неа впишувате одредено растојание, а кога детето ќе замине предалеку, апликацијата ќе ви прати предупредување на телефонот. Погледнете ја оваа паметна идеја.

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Актуел