Нова мејкап линија во соработка со Проенза Скулер и козметичкиот бренд Mac
•
22 февруари 2014
Џек Мек Калоу и Лазаро Хернандез од Проенза Скулер сметаат дека Mac е идеалниот партнер за ваков вид соработка – „Убавината отсекогаш била главен сегмент на нашите ревии, а со MAC веќе години наназад најдобро соработуваме и не подржуваат во нашата работа. На овој начин сакавме да создадеме мејкап линија која девојките ќе може да ја носат и надвор од модните писти“.
Колекцијата шминки на продажба ќе биде пуштена од 3 април, а ќе биде оставена од егзотични нијанси на кармини, руменила, лакови за нокти, пудра и долготраен туш за очи.