Дизајнерите на Проенза Скулер, Џек Мек Калоу и Лазаро Хернандез се водеа од нијансите на мејкапот кој го користат на нивните модни ревии, која пред се го преферира природниот изглед. Токму затоа, дизајнерите го прифатија предизвикот да соработуваат со MAC и да создадат линија производи во светли нијанси.
Новата линија производи се состои од руменила, кармини, моливи за очи и уста и лакови за нокти и е пред се во неутрални нијанси кои лесно се вклопуваат за разни евенти. Секако за типична вечерна шминка, колекцијата вклучува и впечатливи и потемни нијанси .
Интересна е амбалажата на производите која е дело на двајцата дизајнери со омбре ефект. Инспирацијата за истата потекнува од нивната пролетно/летна колекција за 2010 година, во која доминираа фустани, кратки топови и здолништа во сина, жолта и зелена нијанса.