Новата канцеларија на Ана Винтур

11 ноември 2014

Откако тимот на Вог ја направи својата голема преселба од Тајм сквер во комплексот на Светскиот трговски центар во Њујорк, главното прашање кое се поставува е: како изгледа новата канцеларија на највлијателната модна уредничка, Ана Винтур?

Се разбира дека од неа не се очекува ништо помалку од тоа да го има најубавиот поглед од највисокиот облакодер во Америка, за што потврди и фотографијата која на Инстаграм ја објави модниот новинар Хемиш Боулс.

Според фотографијата, своето ново работно секојдневие уредничката ќе го поминува во пространа канцеларија, со доминантна природна светлина, со огромни стаклени прозори кои го отвараат погледот кон динамичниот град.

Сега Винтур ќе има дополнителна инспирација за професионален успех и одговор на новите предизвици.

Објавено:
11 ноември 2014
Категорија: 
Актуел