Нови модели на најпопуларните дуксери за Валентин!

5 февруари 2020

Вниманието е најубав подарок. А кога ќе го надополните со уникатен и специјално дизајниран модел на дуксер од популарната „Валентин" едиција на модниот бренд Елена Лука, тогаш вниманието е комплетно и совршено.

Ако размислувате за автентичен подарок кој ја отсликува симболиката на Денот на вљубените, или пак едноставно сакате самите да се почастите со вреден и уникатен подарок, нашиот предлог е автентичен бел дуксер со логото на Елена Лука.

Дуксерот е надополнет со впечатливи детали и брош во форма на срце, во црвена боја како контраст на белата основа.

Може да го најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

 

Објавено:
5 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.225 пати