Љубов на прв поглед: Дуксер со срциња – посебен подарок за Валентин!

31 јануари 2020

Најсилната емоција заслужува да ја славиме секој ден. Но, кога постои еден посебен датум во годината што ќе нè потсети на моќта на љубовта, тогаш неговата симболика е вредна за внимание.

Ако вашето внимание сакате да го надополните со подарок за Денот на вљубените што ќе биде личен, вреден и посебен, тогаш посетете ја онлајн продавнцата на Елена Лука, која имајќи ја во предвид симболиката на овој датум, дизајнираше специјална, лимитирана колекција дуксери што говорат во име на љубовта.

Уникатни, со апликации во форма на срциња, по долги и кратки ракави, во комбинација на розови и црвени нијанси, спакувани во специјална кутија – овие тематски дизајнирани модни парчиња се интересен, необичен и секако со внимание одбран подарок.

 

Објавено:
31 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
902 пати