Очекувано: Кети Пери е заштитно лице на Москино

12 јуни 2015

Katy_Perry_Moschino_otvorna

Долгогодишната соработка на американската пејачка Кети Пери и модната куќа Москино оди на повисоко ниво. Имено, вчера беше претставена првата фотгорафија од новата кампања на брендот за есен-зима 2015, каде Пери е заштитно лице.

Златен топ, тексасна јакна со златни детали и црно пенкало здолниште се првиот избор на Москино, секако, надополнет со златни ланци и ѓердани.

Креациите одбрани за кампањата, се дело на главниот дизајнер Џереми Скот, од колекција есен-зима 2015.

За потсетување, пријателството помеѓу Џереми и Кети трае веќе долго. Пејачката во повеќе наврати носеше негови креации, последен пат на годинешната Мет Гала. Една од нивните најзначајни соработки е секако изгледот на Пери за настапот на Супер Боул, па оваа последна соработка дојде како очекуван чекор.

Сите фотографии од кампањата се очекува наскоро да се појават во јавност.

Објавено:
12 јуни 2015
Категорија: 
Актуел