Од 10 до 14 декември во кината Милениум и Cineplexx ќе се одржи „Кидс фест“

10 ноември 2014

Поголемиот дел од овие остварувања е прикажан на познатите светски фестивали на кинематографија за деца, а на „Кидс фест“ ќе се најдат синхронизирани на македонски јазик. Во кината најмладите посетители ги очекуваат и интересни работилници, игри и подароци. На сите ни се познати супер хероите како Бетмен, Супермен и Спајдермен, но она што ќе го научиме од данскиот филм „Мравко“ е дека храброста не зависи од тоа дали си мал или голем, бидејќи хероите можат да бидат и деца и возрасни. Од Франција доаѓа трогателната приказна „Бела и Себастијан“ за шестгодишното момче и неговото пријателство со диво куче. Новиот документарен филм од францускиот режисер Лук Жан „Си беше еднаш една шума“ претставува не само омаж на величественоста на прашумите, туку и апел за нивна заштита од изумирање. Малата глувчица Селестин и сиромашното мече Ернест ќе успеат да ги надминат сите разлики и да изградат убаво пријателство во француско-белгискиот анимиран филм „Ернест и Селестин“ кој мината година беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар анимиран филм.

На репертоарот на кината ќе се најдат две норвешки остварувања за авантурите на најдобрите другари Каспер и Ема во која ги следат нивните најдобри плишани пријатели Зајчицата на Ема и Лавчето на Каспер. Кога снежната катастрофа се заканува да го уништи целото село во филмот „Солан и Лудвиг“ малиот еж Лудвиг ги надминува сите свои стравови за да ги спаси пријателите, селото и Божиќ. Дали честа на данската нација ќе може да ја спаси проблематичното трио, ќе дознаеме во филмот, „Олсен во голема неволја“. Се' што е потребно е торба за ладење, чадор и две гуми за џвакање. Приказната на данскиот филм „Рајско патување“ за малиот зајко Јохан кој не е доволно стар да ги разбира правилата на животот, а копнее за невозможни нешта, никого нема да остави рамнодушен.

Првото издание на детскиот филмски фестивал Кидс фест кое ќе се одвива под мотото „Ајде да гледаме филмови“, и ќе се одржи во вашите најомилени кина: Милениум и Cineplexx Скопје.

Цената на билетите за проекциите на Кидс фест ќе биде пристапна. Во кино Милениум цената за единечен билет ќе изнесува 130 ден, а за групни посети 100 ден, додека во киното Cineplexx единечен билет ќе чини 150 ден, а за грпуни посети 100 ден. Исто така во киното Синеплекс во Скопје Сити Мол посетителите за време на Кидс фестивалот ќе имаат можност да ја гледаат и најновата авантура „Пингвините од Мадагаскар 3D“ на редовен репертоар по редовни цени за билетот.

 Спонзорирана објава

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Актуел