Јелена Ѓоковиќ во Скопје на премиера на документарен филм во рамките на Фондацијата Новак

22 септември 2023

Сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, вчера го посети нашиот главен град.

Поводот беше премиерата на документарниот филм Мудроста на траумата којшто е дел од голем проект во рамките на Фондацијата Новак.

Премиерата се случи вчера во киното Cineplexx, а Јелена изгледаше прекрасно во циклама панталони со висок струк што ја следат линијата на телото.


Таа носеше и блуза со пуфкасти ракави во циклама и бели нијанси, како и бели сандали на ремче што се моментално еден од најголемите светски трендови.

Јелена пристигна кај нас од Ниш во рамки на проектот "Караванот на љубовта и среќата", со кој изминатиов период ја обиколи речиси цела Србија.

По премиерата следуваше панел дискусија на која што се споделија многу емоции и искуства.

Се заборуваше за хуманоста и помошта што ја споделуваат Јелена и Новак како и за идните планови на Фондацијата.

 

Фот:Instagram

Објавено:
22 септември 2023
Категорија: 
Култура