Иако изгуби во финалето на последниот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ насмеан и весел ги пречека гостите на хуманитарната гала вечера што во Лондон ја организираше Фондацијата на најдобриот тенисер во светот. Настанат што се одржа во салата Раундтри имаше за цел собирање парични средства за загрозените деца од Србија и развивање на програмите за раниот развој на децата. На крајот на вечерта Фондацијата на Новак Ѓоковиќ успеа да собере еден милион и двеста илјади фунти.
На хуманитарната вечера присуствува бројни познати личности како сопственикот на Virgin Ричард Бренсон со семејството, војвотката Сара Фергусон со ќерката Принцеза Беатрис, родителите на Новак Срѓан и Дијана, актерот Џерард Батлер, а како домаќини на настанот се јавија Голди Хоун, Кејт Хадсон, Наоми Кемпбел, Борис Бекер, Ања Рубик и Саша Кнежевиќ. Звезди на вечерта се разбира беа Новак Ѓоковиќ и неговата девојка Јелена Ристиќ која носеше вечерна тоалета од Оскар де ла Рента.
Погледнете кој се појави на зелениот килим на настанот...