Модно жири од гала вечерта организирана од фондацијата на Новак Ѓоковиќ

12 јули 2013

Интересен детаљ е тоа што наместо црвен, домаќинот Новак ги пречекуваше гостите на зелен килим, а од бројните познати личности кои се појавија на гала настанот, ние издвоивме неколку како дел од модното жири за оваа недела.

Кејт Хадсон отсекогаш знаела да го направи вистинскиот избор, а овој пат креацијата е со потпис од Ели Саб. Аксесоарот со метални нитни одлично се вклопил во целокупниот аутфит.

„Црниот пантер“ Наоми Кемпбел  се истакна со долгиот драматичен фустан што зрачи со готика од Азедин Алаја, а во исто време и гламур. Стајлингот би бил комплетен со добар избор на накит.

Вака треба да изгледа една вистинска дама. Иако кројот на фустанот не е никаков новитет, дезенот со крупни пруги кој е повторно ин, внесува свежина во целата комбинација. Чиста десетка за Јелена Ристиќ.

Џерард Батлер изгледа како од плакарот да го извадил заборавениот костум од пред 2 или 3 години. Изборот на вратоврската не се вклупува во стајлингот, а единствена светла точка е неговата брада која влева сериозност во изгледот.

Холи Бренсон изгледа одлично во свилениот фустан, минт нијанса со златна бродура, кој одлично се вклопува со портокаловата лакована чанта.

Домаќинот на вечерта, Новак Ѓоковиќ го направи вистинскиот избор со костим од Бурбери, но со една забелешка – костимот изгледа како за еден број пократок поради кратките ракави.

Тенисерката Мерион Бартоли целосно го утнала стајлингот.  Фустанот е убав, но сепак аутфитот не би бил толку лош, кога би го комплетирала со соодветни сандали и атрактивна мала чанта.

Објавено:
12 јули 2013
Категорија: 
Сцена