Од „pink“ до „punk“ – фантастично шоу на Victoria’s Secret во Шангај!

21 ноември 2017

Вчеравечер беше најграндиозната и најскапата ноќ во модниот свет. Во Шангај се одржа спектаклот на Victoria's Secret.

Фото извор: Diario AS

За можноста да го гледаме во целост ќе треба да почекаме до 28-ми ноември, кога ексклузивно шоуто ќе го емитува CBS, но и покрај тоа, веќе ја имаме комплетната слика што се случуваше вчера во Шангај, со оглед на тоа што сите светски медиуми ажурирано информираа за секој детаљ пред, за време и по големото случување.

Фото извор: Getty images

Драмата, театралноста, луксузот, сексапилот и најзгодните ангели се дефиниција за најочекуваниот настан во модниот свет, што и оваа година ги одржаа највисоките стандарди на овој спектакл.

Фото извор: NY Daily news

Тематски шоуто беше поделено во шест сегменти: „Goddesses", „Punk Angel", „Porcelain Angel", „A Winter's Tale", „Millennial Nation" и „Nomadic Adventure".

Шоуто го отвори Кендис Свенпул во дводелен сексапилен костим, а она што е интересно да се спомене е дека младиот дизајнер Оливие Рустенг, креативниот директор на Балман, дебитираше со свои ексклузивни дизајни.

Во целата таа „перфекција", дозволено е понекогаш да се случи и некоја аномалија, која е само уште една причина плус да се зборува за овој настан. Годинава „картата падна" во моделот Минг Си која имаше мала незгода и падна на пистата.

Фото извор: Getty images

Голема вест на годинешново модно шоу беше и најавата дека ова е последното појавување на ангелот Алесандра Амросио, која цели 17 години е дел од него. Објаснувањето за оваа нејзина одлука е дека сака да се посвети на мајчинството.

Фото извор: Popsugar

Во очекување на 28-ми ноември, погледнете дел од фантастичната атмосфера во фото галеријата.

Фото извор: Getty Images/Kevin Mazur

Објавено:
21 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
695 пати