Одвојте време за модна агенда низ светот

3 септември 2013

ottawa_fashion_week_ss_2012_day1_015

Септември е богат моден месец. Не очекуваат голем број модни случувања, а на самиот старт на месецот е модната недела во Монтреал.

Илјадници професионалци од модната индустрија ќе се обдинат во Монтреал, почнувајќи од денеска па до 6.септември. Оваа година всушност и се одбележуваат 25 години од Montreal Fashion Week.

Сите присутни во наредниве 4 дена ќе имаат можност да ги видат најновите трендови за пролет-лето 2014.

Со цел да се прослави 25 годишнината од овој моден наста, и во знак на благодарност за придонесот и талентот на дизајнерите, тие оваа година учестуваат на модната манифестација ослободени од плаќањето партиципација и такси, што за првпат се случува на еден моден настан во Монтреал.

Оваа година ќе се претстават преку 20 дизајнери.

А од Монтреал одиме во Њујорк, на Mercedes-Benz Fashion Week. На ова престижно модно случување пак од 12-ти до 19-ми, ќе се престават околу 90 дизајнери од преку 30 земји и досега најголем број на медиуми и луѓе поврзани со модата.

Преку линкови, модната недела ќе може да се следи и на Интернет. Од 5ти-до 12-ти спетември, модните уредници и гости ќе имаат можност да известуваат за настанот од специјалното направено студио,а исто така ќе можат од прва рака да ги видат трендовите за пролет-лето 2014.

Но, пред ова модно случување, на Њујорк му претстои и Couture Fashion Week ос 5 -8 септември, како и PLITZ Ne Yourk City Fashion Week од 5-7 септември.

Од 9-12 месецов пак ќе се одржи и Nolcha Fashion Week Spriing-Summer.

Љубителите на модата месецов ќе имаат можност да уживаат во ексклузивитетите и од модните шоуа во Мадрид и Хелсинки, а спетември нема да помине и без модните недели во Лондон и Токио.

 

Објавено:
3 септември 2013
Категорија: 
Актуел