Србија е подготвена за стартот на 25-от „Fashion Selection“

8 октомври 2014

Како и кај нас така и во регионот, поточно кај нашиот северен сосед домашните дизајнери и брендови се подготвуваат за 25-то издание на модната недела „Fashion Selection“ која почетокот ќе го означи на 12-ти месецов, а ќе трае до 22-ри октомври. Манифестацијата ќе биде отворена со ревии од српски дизајнери кои ќе ги прикажат своите замисли за тековната сезона есен-зима 2014/15 година. Програмата од настанот вклучува и вечер посветена на модата инспирирана од филмот, а публиката покрај останатото ќе има можност да ги погледне колекциите на: Сузана Периќ, Драгана Грнчарски, Дијана Јанковиќ, Бека Зечевиќ, како и ревиите на брендовите Legend, Bilicki и модната куќа  St.George.

 

Својот креативен моден труд ќе го покажат и студентите од Академијата Del Luso, како и младите дизајнерки, Милица Баиновиќ, Катарина Стевановиќ и Рахилка Митровиќ. Освен во Белград, ревиите ќе се одржат и во Крагуевац и Араѓеловац, каде со забава ќе биде затворена модната недела.

 

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Актуел