Започна 24-тото издание на Fashion Selection

8 април 2014

35

Со ревијата на српската дизајнерка Сузана Периќ, завчера започна 24-тото издание на модната недела Fashion Selection. Периќ пред српската публика се претстави со колекцијата за пролет-лето 2014, под назив „Fashion Dekada“. Прва на пистата излезе пејачката Јелена Томашевиќ, која со песна ја отвори ревијата, за потоа да следат моделите кои зрачат со женственост. Многу бои и лелеавост се предлогот на дизајнерката за оваа пролет, а се однесува на жените на различна возраст.

27

По нејзината ревија која беше проследена од голем број познати личности од јавниот живот во Србија, следеше ревијата на финалистките од конкурсот за млади дизајнери. Со по три модели на темата „Спој на етно модата и традицијата“ се претставија осум дизајнерки.

Натпреварот е во организација на Stilbook и модната агенција Селект, а според одлуката на жирито, победник е Милица Баиновиќ, која на есенското издание на модната недела ќе има самостојна ревија. Исто така, победничката ќе има интервју и едиторијал во магазинот Stilbook.

52

Вечерта заврши со комбинации од новите колекции на познати брендови, кои на пистата ги носеа познати тв-лица од Србија.


Вчерашниот ден го одбележаа претставувањата на Кристина Беквалац, Санда Ристовски, Јелена Јаковљевиќ и Марија Иванковиќ Јуришиќ, а исто така овој ден беше резервиран и за презентирање на детска мода.

Од ревијата на Санда Ристовски Од ревијата на Санда Ристовски

Во продолжение погледнете дел од гостите и моделите од првиот ден на оваа модна манифестација. Меѓу учесниците е и нашиот Ненад Секирарски, кој пак ќе се претстави на 15-ти април.

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Колекции