Секирарски го затвори „Fashion Selection“ со спој на мода, филм и креативност

17 април 2014

На актуелното издание на Fashion Selection во Белград,  во вторникот се претставија  Драгана Грнчарски и нашиот дизајнер Ненад Секирарски, на кој ова му беше 15-то претставување. И овој пат, српската публика го прими срдечно, а повратниот ефект од претставените модели е и повеќе од позитивен.

Во оваа колекција за пролет-лето 2014, Секирарски ги спои модата и филмот, а ревијата воедно е и најава за филмското остварување насловено како „Одмазда на женски начин“, кој во кината ширум Србија ќе се прикажува од 24-ти април.

Филмот ја следи приказната за жените кои се здружуваат за да се осветат на ист маж од кој биле изиграни, а токму истата македонскиот дизајнер се обиде да ја претстави преку интересен перформанс, за потоа да следи класична ревија. Присутните на пистата имаа можност да видат мошне женствени, лелеави и елегантни модели, што и се очекуваше од креаторот.

10255190_529892413794232_8447070898022277102_n

-Колекцијата се состои од 16 аутфити на свечани комплети и фустани во нежни пастелни тонови, во баланс со интензивни бои, смирени со црна и тегет. Дел од инспирацијата за новата колекција е филмот „The other woman“, чија светска премиера е на крајот од април, која во поширока смисла ја одредува другата жена во себе која понекогаш е мила, нежна и романтична, а од друга страна темпераментна, заводлива и полна со сексапил - изјави Секирарски.

Освен класичните црни и бели креации, во оваа колекција доминираат свежи и интензивни бои, како виолетовата, портокаловата, розова, сина, но и пастелните нијанси. Секирарски ги следел трендовите, па една од актуелните бои за оваа сезона, златната исто така го најде своето место во колекцијата.

Кусиот топ во комбинација со панталони е една од комбинациите што привлекоа внимание, а тука беше и златниот долг фустан. Освен долги, поголем број од фустаните беа со должина под колена, со што уште повеќе беше нагласена женската фигура.

kolaz 1

За свежината придонесоа и долгиот, широк фустан со цветен принт, со бохо нота, како и кошулата во интензивна портокалова. Тантелата и овој пат беше застапена, со што уште повеќе се нагласи нежната, а гламурозна страна на жената. Всушност, приказната претставена преку модната замисла на дизајнерот се однесува на жените не познава старосни граници.

-Овој дуализам што сакав да го претставам, се пресликува во формата која е смирена и цврста, а од друга страна лелеава и лесна. Цветните весели принтови го даваат свежиот полетен дух за новата сезона, а самиот стајлинг добива вистински печат и завршница со уметничките дела како накит од талентираната дизајнерка Анита Несторовска.

kolaz 2

И токму со нејзиниот накит беа збогатени сите креации. На младата Анита ова и е прва соработка со македонски дизајнер, па оттаму и возбудата е уште поголема.

-Соработката со Ненад Секирарски дојде сосема спонтано. Неговото изострено око за убавина и долгогодишно искуство со мода ги „улови“ моите дизајни на накит и тоа многу ме радува.  Тој ме покани на Fashion Selection да учествуваме заедно и пред  да заминеме  во  Белград ,  направивме еден фитинг за да одлучиме која  комбинација би била најсоодветна. Сето тоа беше премногу брзо и лесно... Преубавите дизајни на Секирарски и моите ѓердани се повикуваа едни со други.  Самиот спој беше сосема природен – како да биле изработувани да бидат носени токму со овие преубави тоалети. Имавме уште еден фитинг во Белград каде што  одлуките беа финални, ѓерданите се вклопија со тоалетите и со моделите кои одлично ги прикажаа на пистата - вели Несторовска.

kolaz 3

Носи позитивни впечатоци од Белгради како вели, била сведок на голема професионалност од страна на организаторите.

-Навистина е прекрасно да се соработува со човек како што е Ненад, бидејќи тој има прекрасна енергија, ведар дух и премногу љубов и уживање во она што го работи.  Воедно „Selection“ е одлично организирана модна агенција, се беше на време и на место. Се воодушевив од брзината и начините на кои се одвиваше се. А хотелот „Хајат Риџенси“ каде што се одржуваше настанот е навистина прекрасен избор за такви манифестации. За искуството во бекстејџ пак, можам да ви говорам со чиста радост... Сето подготовка, фокусираност кон убавина, префинетиот избор на детали, шминка, фризура... навистина се беше некако  филмски во моите очи. Креативниот хаос секогаш продуцира нешто најубаво - раскажува Анита.

10276035_529890557127751_5704447465546161553_n

Токму со овој спој на мода, филм и креативност, заврши и 24-тото издание на оваа модна манифестација, а во продолжение погледнете како изгледаше модното шоу на Секирарски.

Објавено:
17 април 2014
Категорија: 
Колекции