Официјална агенда на машката модна недела - Милано

18 декември 2014

Модната престолнина – Милано, важи за град кој секогаш знае како да ги задоволи модните апетити и на мажите, а особено на жените. После официјалниот старт на Новата 2015 година, некаде на средината на месец јануари ќе започне долго очекуваната машка модна недела, каде модните куќи и брендови ќе ги претстават најновите колекции за мажи за сезоната есен – зима 2015/16.

Покрај богата промоција на нови модни парчиња наменети исклучиво за посилниот пол, се очекува и богата плејада на машки и женски улични стајлинзи кои дополнително ќе ја загреат модната атмосфера. Модната критика со нетрпение го очекува почетокот на овој настан, а публиката пак љубопитно сака да дознае и види кои ќе бидат актуелните трендови за мажи наредната студена сезона. Перформансите ќе се одвиваат на различни локации низ градот, во временска рамка од четири дена, започнувајќи од 17 – ти јануари, се до 20 – ти јануари.

Во продолжение погледнете ги официјалните датуми на модните ревии и видете го точното време кога настапува вашиот омилен бренд.

Сабота, 17 – ти јануари:

09:30 – Корнелијани

10:30 – Ерменегилдо Зења

11:30 – ASSEGNATO

12:30 - COSTUME NATIONAL HOMME

15:00 – Андреа Помпиљо

16:00 – Џил Сандер

17:00 - LES HOMMES

18:00 – Џон Варватос

19:00 – Неил Барет

20:00 – Версаче

21:00 – Филип Плејн

Недела, 18 – ти јануари:

09:30 – Ботега Венета

10:30 - Nº21

11:30 – Џон Ричмонд

12:30 – Салваторе Ферагамо

13:30 – Келвин Клајн

14:30 – Вивиен Вествуд

15:30 – TOD’S

16:30 – Мисони

17:30 – DAKS

18:30 – Прада

19:30 – Moncler Gamme Bleu

Понеделник, 19 – ти јануари:

09:30 – Дизел Блек Голд

10:30 – Емпорио Армани

11:30 – Антонио Марас

12:30 – Гучи

14:00 – Етро

15:00 – MSGM

16:00 – CANALI

17:00 - D.GNAK

18:00 – Фенди

19:00 – Том Ребл

20:00 – Бриони

Вторник, 20 – ти јануари

09:30 – Дирк Бикемнергс

10:30 – Џорџо Армани

11:30 - Ермано Шервино

12:30 – Френки Морело

13:30 – Роберто Кавали

14:30 – Стела Жан

15:30 – Кристијан Пелиѕари

16:30 – Џулијан Сигерли

 

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Актуел