Ограбен „Картие“ на Менхентен

1 февруари 2014

kartier2

На Менхетен, сред бел ден, завчера беше ограбена продавницата за часовници „Картие“. Њујоршката полиција соопшти дека уапсила две лица, а дел од украдените производи биле вратени.

На прегледаните видео-снимки од сигурносните камери, се гледа дека дел од осомничените носеле маски и ракавици.

Инаку, грабежот го извршиле пет лица, кои влегле во продавницата која се наоѓа на аголот на Петтата авенија и 52-та улица, околу пладне.

kartier1

Откако влегле, ги искршиле стаклените излози и успеале да однесат 16 часовници, чија вредност се проценува нас 700.000 долари.

kartier

Објавено:
1 февруари 2014
Категорија: 
Актуел