Продавницата на Диор во Париз мета на разбојници!

25 април 2014

Сè чини дека серијата кражби на луксузни продавници што припаѓаат на познати дизајнерски имиња, продолжува да ги следи насоките на разбојничкото сценарио. После грабежот во Колет и лондонската продавница на Шанел пред само неколку дена следна мета на крадците стана продавницата на модната куќа Диор во француската престолнина, Париз. Според првичните извештаи во продавницата влегле две маскирани лица кои што направиле штета проценета на околу 100.000 евра.

Луксузниот бутик на Диор е лоциран на познатата Монтењ авенија во Париз. Провалниците влегле во продавницата околу 06.20 часо во средата наутро минатата недела и грабежот го извеле на истиот „филмски“ начин како што беше случајот со претходните две продавници Колет и Шанел. Според информациите што ги пласираа француските медиуми во јавноста двајцата разбојници биле вооружени и при грабежот раниле еден од чуварите. Штетата се проценува на околу 100.000 евра, а крадците со себе зеле чанти, чевли и дел од парите во касата.

Со оглед на фактот дека не станува збор за прв грабеж, ова претставува  бран на сериозни закани врз модниот свет односно луксузните продавници на големите модни куќи. Сепак, полициската истрага покажува дека грабежот во Диор нема никаква поврзаност со претходните два случаи. Во Париз ова не е прв случај на кражба изминатиов период. Статистиките велат дека уште пред да се случи грабежот во Колет, во градот на светлината во месеците март и декември биле ограбени неколку продавници за накит и часовници. Нема официјални информации за тоа како понатаму ќе се одвива истрагата.

 

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Актуел