Станува збор за белиот костум со сако со футуруистички дизајн каде во предниот дел има асиметрично вкрстување и панталони кои се целосна копија на креација од пролетната колекција на Александар Меквин за Живанши прeтставена на неделата на Висока мода во 1997 година. Случајност или не, успехот на модната куќа Балман падна во сенка откако VFiles дипломатски на својата страна ја објави фотографијата и напиша - На кого му стои подобро? Оливие Рустенг за Балман пролет/лето 2015 или Александар Меквин за Живанши пролет/лето 1997 година?
Во продолжение погледнете го видеото од модната ревија на Меквин на неделата на Висока мода во 1997 година, каде меѓу копираната креација, дел од шоуто каде е и Наоми Кембел во период кога беше на самиот трон во модната индустрија.
#t=148