Оливија Палермо е прекрасна невеста за магазинот Brides

25 април 2014

Откако прекрасната Оливија Палермо ја објави свршувачката со нејзиното момче Јоханес Хуебл, веднаш почна да се шпекулира за тоа како би можел да изгледа нејзиниот венчален фустан.

Благодарение на насловната на магазинот Brides, сега многумина можат барем да претпостават како ќе изгледа свадбениот фустан на една од најголемите светски трендсетерки или барем што е она што таа го сака.

Она што можевме да го дознаеме околу нејзината свадба, а што таа го изјави во интервјуто, е дека без разлика на тоа каков фустан ќе одберете, секогаш додајте нешто свое!

„Јас обожавам да си играм со боите. Сѐ е во комбинирањето. Што се однесува до венчалниот фустан, дефинитивно ќе има игра со бои, без разлика дали е во фустанот или пак можеби во модните додатоци“, вели Оливија.

Во однос на тоа како го запознала човекот од нејзините соништа, Оливија ќе каже:

„Нашите пријатели ни договорија средба и некако сѐ си дојде на свое место. Ние сме одличен тим. Се разбираме и се почитуваме меѓусебно и секогаш се обидуваме да бидеме добри луѓе. Она што исто така ни помага е тоа што и двајцата работиме во модната индустрија и што можеме да патуваме заедно“, вели Оливија.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Актуел