Таа продолжува да нѐ инспирира: Сите актуелни комбинации на Оливија Палермо!

26 март 2014

И по толку многу одлични комбинации, веруваме дека никој не се измори од единствената Оливија Палермо!

Иако досега многупати сме пишувале за нејзините одлични и секогаш стилски комбинации, не можеме, а да не ви ги презентираме нејзините последни.

Таа го привлече вниманието на светот со шармантните и уникатни комбинации во The City и оттогаш никогаш не згреши.

Оливија е дефинитивно стилска икона која каде и да се појави го привлекува вниманието на присутните. Без разлика на тоа дали седи во првите редови на актуелни модни недели или пак е на едноставна прошетка со нејзиниот вереник Јоханес Хуебл, таа секогаш изгледа беспрекорно.

Таа не воодушеви и на нејзиното последно појавување во Лондон, на настан во Њујорк, но мора да признаеме дека не можевме да ја заборавиме кога на модната недела во Париз се појави во цветна „бомбер“ јакна и елегантни куси панталони.

Доколку ви недостасува инспирација при правењето комбинации во последно време, новите стајлинзи на Оливија се најголемата мотивација на светот!

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Тренд