Сите комбинации на Оливија Палермо од модната недела во Њујорк...

21 февруари 2015

Таа дефинитивно не пропушти ниту една ревија во текот на њујоршката модна недела, а сосема очекувано на секоја се појави во беспрекорни комбинации.

По правило, модната недела во Њујорк привлекува најголем број познати лица, а „хистеријата“ започна со претставувањето на новата колекција на Канје Вест, па истата траеше сѐ до вчеравечер кога се одржа шоуто наТом Форд во Лос Анџелес.

Оливија Палермо на единствен начин ги комбинираше хит парчињата за оваа сезона, па така на секоја ревија се појави во модерна и тренди комбинација во какви што се и навикнавме да ја гледаме.

Стилски беспрекорната Оливија Палермо, ја понесе неофицијалната титула „кралица на модната недела во Њујорк“, прикажувајќи фантастични парчиња сосема поинакво споени.

Шармантната бринета во текот на една недела во своите комбинации ги опфати сите клучни актуелни трендови, од модата во раскошните 70 – ти, па сѐ до милитари стилот. Таа цела недела воодушевуваше во прекрасни тренди капути, панталони – ѕвонарки со висок струк комбинирани со лежерни кошули, но и панталони – килоти во одлични бои.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите комбинации на трендсетерката Оливија Палермо на неодамнешната модна недела во Њујорк.

Објавено:
21 февруари 2015
Категорија: 
Тренд