Оливија Палермо, Коко Роша и Ријана со највпечатливи стајлинзи нa NYFW

9 септември 2014

Ана Винтур, Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин Бекам на ревијата на Викторија Бекам Ана Винтур, Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин Бекам на ревијата на Викторија Бекам

Во плеадата модерни гости кои редовно ја посетуваат Њујоршката модна недела, секоја година се издвојуваат неколку кои со инвентивноста во своето модно комбинирање особено го привлекуваат вниманието на јавноста.

Емили Росом, Нина Гарсија, Хејди Клум и Зак Посен Емили Росом, Нина Гарсија, Хејди Клум и Зак Посен

Без лажна скромност ќе констатираме дека настаните  типот на Модната недела во Њујорк  не само што се исклучително профитабилни, туку и вистинска можност да се видат собрани на едно место толку познати славни личности.

Ријана Ријана

Црномурестата пејачка од Барбадос, Ријана во неколку наврати покажа дека е вистински моден камелеон и дека воопшто не се плаши да експериментира со својот изглед, фризура и шминка. Така беше и овој пат. На модната недела во Њујорк таа се појави во неколку различни стајлинзи. Нејзиниот личен стилист Мел Отенберг одлучи пејачката да ја облече во неколку интересни модели. Како мошне впечатлива се издвои црвената дводелна комбинација на предимензионирани панталони и маичка потпишани од модната куќа EDUN.

На модната ревија на брендот EDUN во Њујорк, Ријана се појави во бел костум. Панталоните беа во лежерен стил, додека сакото имаше провокативно и длабоко деколте, како и предолги ракави. Креацијата на Версаче исто така беше храбар избор на стилистот кој пејачката со задоволство го прошета на црвениот килим. Станува збор за мини здолниште во розова боја и бела топ маичка. Златните детали на здолништето, сандалите и рацете и дадоа маркантен изглед на целата визија.

Ријана на Алтузара Ријана на Алтузара

Моделот на Алтузара беше уште еден од низата провокативни стајлинзи кои пејачката ги износи на ревиите на модната недела во Њујорк. Се работи за црно долго сако чиј долен дел завршува со долги реси. Под сакото  како и во претходните случаи Ријана не носеше градник, туку само црни гаќички кои дискретно ѕиркаа од отворот.

Како голем обожавател на младиот Александар Ванг, Ријана на една од ревиите пристигна во дводелна комбинација на ултра кратко здолниште со кратко палто во кралско сина сјајна боја. Оваа комбинација познатата пејачка ја искомбинира со шапка од истиот материјал и боја како и креацијата и сандали во црвена нијанса.

Ријана на Адама Селман Ријана на Адама Селман

И за крај можеби „најслатката“ креација беше изборот на белиот кошула фустан во А-форма кој пејачката го носеше со чевли на ремчиња или познати како римјанки. Белите бисери околу вратот, малата клач-чанта и големите прстени послужија за да го разбијат белилото и да придонесат за помалку гламурозен изглед.

Оливија Палермо Оливија Палермо

Во низата убави жени кои знаат како да искомбинираат аутфит кој ќе прилега со манифестација како што е модната недела е популарната трендесетерка Оливија Палермо. На ревијата на Дона Каран, Палермо изгледаше  софистицирано и елегантно, што во суштина е и основно обележје на нејзиниот стил. Таа носеше сив предизмензиониран фустан до над колена кој го комбинираше со беж сандали и златен накит. Највпечатливи беа обетките кои беа украсени со големи правоаголни камења во црвена боја и ја истакнуваа аристократската убавина на на трендсетерката.

Оливија Палермо Оливија Палермо

На една од ревиите Палермо ја видовме и во комплетно џинс комбинација. Таа успешно го искомбинирала тексас здолништето со шлиц во предниот дел со тексас кошлула во посветла нијанса. Со овој аутфит Палермо се одлучи за истите сандали во беж боја кој ги носеше и на шоуто на Каран и за поштарска чанта со интересен дизајн во црна и крем нијанса.

Оливија Палермо Оливија Палермо

Како една позабележителните креации на убавата Оливија, е и миди фустанот со дизајн на кругови во црно-бела боја во комбинација со белиот елек. Палермо е една од жените кои секогаш знае како правилно и вистински да ги искомбинира и износи парчињата облека.

Коко Роша Коко Роша

После Ријана и Оливија Палермо на ред е преубавата канадска манекенка Коко Роша. Таа со задоволство ја следи модната недела во Њујорк презентирајќи по малку андроген стил. Популарната боб фризура Коко уште еднаш докажа дека е безвременска и дека тоа е стајлингот кој навистина добро и стои и ѝ одговара на сензибилитетот. На модните ревии таа главно носеше костуми на панталони и сакоа.

За ревијата на Зак Позен таа носеше костум во јака црвена боја попрскан со светки. Сакото и панталоните ги комбинираше со бела лежерна маичка и мошне впечатлива шминка. На една од ревиите Роша се појави во црни предимензионирани панталони со тесни ногавици, сиво сако, бела кошула и бела вратоврска.

Коко Роша на Герет Пу Коко Роша на Герет Пу

За ревијата на Каролина Херера, моделот седеше во првиот ред и повторно носеше костум, но овој пат во кафена нијанса, под кој ѕиркаше црна блуза и масивен синџирест ѓердан. Можеби најубавата креација на Коко на оваа модна ревија беше црниот миди фустан пресечен во делот околу стомакот и со шлиц во предниот дел. Креацијата одлично ја истакнуваше совршената силуета на моделот, а портокаловиот кармин и елегантните сандали на ремчиња му дадоа отмена завршница на целиот изглед.

Овие три дами беа највпечатливи со своите стајлинзи до сега на модната недела во Њујорк, а вие во продолжение погледнете ја галеријата и одберете ги оние кои вас најмногу ви се допаѓаат.

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Сцена