Ова се моделите што воведоа нови стандарди во модата

20 декември 2013

Манекенките вообичаено се олицетворение на совршениот изглед и чест стимул на нашата несигурност кога е во прашање изгледот на телото. Меѓутоа, во 2013 година, неколку девојки и жени успеаја да ни ја доловат и другата страна на оваа индустрија. Ова се манекенките што воведоа нови стандарди во модниот свет и го сменија животот на голем број жени и девојки во светот.

Робин Лоувли изјави дека девојките со облини повеќе нема да бидат во сенка.

 

 

Таа е манекенката што ги сруши сите бариери кога станува збор за елегантно пополнетите модели и го искорени таканаречениот тренд на екстремно слаби нозе со огромно растојание меѓу нив. Не потсети и на фактот дека и манекенките сакаат да јадат и во неколку наврати посочи дека полните модели, па и генерално полните жени се запоставени во модната индустрија.

Џени Ранк докажа дека plus size моделите можат да бидат во центарот на вниманието.

 

 

Како прва plus size манекенка која позираше за модниот бренд H & M, таа беше под голем притисок, но на крајот успеа да им покаже на сите дека  и елегантно полните модели можат да носат облека која ќе ја следи линијата на телото.

Никол Гибсон им покажа на сите дека доколку се прифатиме такви какви што сме понатаму се ќе биде полесно.

 

 

До својата 20-та година Никол Гибсон се декларирала како хомосексуалец, а после некое време почнала да прима терапија за замена на хормони. Во рамките на Лондонската модна недела, на пистата прошета како трансексуалец.

„Велат дека нема да успееш како модел додека не прошесташ на модна писта во транспарентна тоалета , низ која се гледаат брадавиците и јас тоа го направив на мојата прва ревија. За среќа, благодарение на хормоните, имам и со што да се пофалам и да покажам“, вели Гибсон.

Кристал Рен стана позната по својата изјава во јавноста, дека сите жени не носат конфекциски број 36.

 

 

После промоцијата на нејзината автобиографија „Hunger“, објавена во 2009 година и огромниот успех кој го постигна, Кристал Рен продолжи да дебатира запотребата од креирање облека за покрупни жени, додавајќи дека тоа им оди во прилог и на дизајнерите, бидејќи на тој начин ќе можат да ги искористат и plus size моделите. Таа планира да основа сопствен бренд кој ќе произведува облека со различни конфекциски броеви.

Иман не потсети дека моделите можат да бидат убави без разлика каква боја на кожата имаат.

 

 

По четири децении макотрпно пробивање во модниот свет, ги здружи силите со Наоми Кемпбел со цел поголем број ангажмани за црните модели. Благодарение на неа прашањето за учество на модели со различна боја на кожа во модните ревии и кампањи, привлече големо внимание во јавноста.

Камерон Расел ја обвини модната индустрија дека фаворизира млади и екстремно слаби модели со светла боја на кожа.

 

 

„Во последните неколку века, убавината ја дефиниравме не само со здрав изглед, младост и симетрија, симболики на кои природно им се воодушевуваме, туку наметнавме и други стандарди како висина, виткост и светла кожа“, вели Расел на која воопшто не и се допаѓа фактот на фаворизирање на одредени типови жени кои според неа дури и не се вклопуваат во модниот концепт.

Доуцен Круз признава дека перфектните фотографии и преголемата употреба на фотошопот негативно влијае врз луѓето.

 

 

Без разлика на тоа што е дел од модната армија на Викторија Сикрет, Доуцен Круз е свесна дека нејзините фотографии негативно влијаат врз публиката.

„Бидејќи се занимавам со манекенство мислам дека во голем дел сум виновна за несигурноста која се јавува кај некои девојки и жени, кои мислат дека треба да изгледаат како моделите на фотографиите. Дури и момците мислат дека сликите се реални, а јас воопшто не изгледам така. Кога се будам наутро, не личам воопшто на онаа девојка која е на фотографијата“, раскажа моделот.

Кристи Бринкли ни посочи дека годините се само број

 

 

Кристи Бринкли својата кариера како модел ја започна во седумдесеттите години и стана позната по своите фотографии каде позира во костими за капење. Но оваа година на 59 години, позираше во костим за капење, заедно со нејзината ќерка Сејлор.

„Ја прашав мајка ми дали треба да бидам слаба, а таа ми рече: „Не! Не мораш да бидеш слаба, само треба да бидеш задоволна од својот изглед и да имаш самодоверба“, изјави Сејлор.

Тара Лин е уште една манекенка која се приклучи кон „воената армија“, на plus size моделите.

 

 

Тара Лин оваа година се појави на насловната на многу списанија, за да им покаже на сите дека насловните не се резервирани само за слабите модели. Таа стана инспиративна муза на голем број дами ширум светот и секогаш го има истото мислење дека да се биде plus size модел е пред се голем предизвик.

„Не секогаш парчињата облека изгледаат добро кога ги носат полни жени. Мислам дека е добро да постои разноликост и  сметам  дека е крајно време жените да почнат да се чувствуваат удобно во својата кожа, а не постојано да тежнеат кон нешто што едноставно не се и никогаш нема да бидат“, кажа Лин.

Кејт Аптон му покажа на светот дека облините се секси.

 

 

Кејт Аптон е прогласена за најатрактивен модел за 2013 според анкетата спроведена од списанието „Sports Illustrated“, преку која се нагласи дека секси не е исто што и да се биде слаб.

„Се чувствувам многу самоуверено, а ако тоа ги инспирира и другите жени, тогаш тоа е супер“, вели Аптон.

Џорџија Меј Џегер откри дека дури и слабите манекенки се несигурни поради својот изглед.

 

 

„Во модниот свет постои идеал на совршенството. Тоа што младите девојки не сфаќаат дека и овие модели имаат проблеми и тие се луѓе и тоа треба на сите да им биде јасно“, децидно одговара Џегер.

 

Објавено:
20 декември 2013
Категорија: 
Актуел