Тајра Бенкс: Терминот „plus size“ е навреда за жените

30 декември 2013

Тајра Бенкс (40), заштитно лице на кампањата на брендот „Special K“ која промовира здрав изглед на жените и позитивна претстава за женското тело, се побуни против употребата на терминот plus size модел што според неа е навреда за жените.

„Не ми се допаѓа тој термин. Нема никогаш да го користам тој израз, бидејќи по мене нема никаква смисла. Нема никаква позитивна конотација во неа“, изјавила Тајра Бенкс за магазинот „Хафингтон пост“.

Таа и брендот „Special K“ се борат заеднички против негативниот имиџ што во јавноста го имаат полните жени. Манекенката се залага за тоа овие жени наместо plus size модели, да се нарекуваат неверојатно реални жени.

Во 2008 – та година оваа манекенка ја прогласи победничката на десетиот циклус на изданието „Top model“ Витни Томпсон која набрзо стана синоним за полни модели. Тајра две години подоцна го покрена изборот за „неверојатно реални“ модели.

Некои луѓе оваа кампања на манекенката во соработка со брендот „Special K“ ја посочија како многу иронична, со оглед на тоа што брендот е познат по промовирање на диетални производи и пропагирање на диети.

Објавено:
30 декември 2013
Категорија: 
Актуел