Време е да ги запознаете најдобрите и најкреативни фотографи кои ги „ловат“ најдобрите модни трендови и комбинации на различни индивидуи ширум светот!
Еден од најпознатите „улични“ фотографи Скот Шуман почна да работи на својот одличен блог уште во 2005 – тата година и правеше сѐ подобри и подобри фотографии како креативна врска помеѓу модата и нејзината поврзаност со секојдневниот живот. Иако тој секогаш фотографиите ги прави врз основа на комбинациите што ги забележува, тој скоро секогаш сака зад комбинацијата да ја долови и вистинската приказна што се крие зад личноста што ја фотографира.
Креативниот Томи Тон започна со својата одлична работа некаде кон 2007 – та година кога за прв пат присуствуваше на модните недели во Париз и Њујорк. Токму оттогаш, тој ја документираше секоја модна недела на еден сосема поинаков начин. Во 2008 – та година, Томи го создаде и неговиот блог Jak and Jil. Тој и денеска е еден од најомилените фотографи помеѓу модните уредници и дизајнери, а дефинитивно најголем миленик е на Карин Ројтфилд.
Уникатниот Бил е дефинитивно еден од најпознатите „улични“ фотографи во Њујорк. Тој денеска има 85 години, а веќе со децении со својот велосипед „талка“ низ градот во потрага по најдобрите модни комбинации. И самиот е познат по неговиот одличен стил, кој скоро секогаш е „зачинет“ со сино палто. Доколку ве заинтересира, а веруваме дека е така, сите негови фотографии можете да ги најдете во посебната видео секција на тиражниот Њујорк Тајмс, позната едноставно под името „On the street“.
Тој дефинитивно ги прави најдобрите фотографии од светските модели кога тие не се на „должност“. Крег Аренд кој работи под псевдонимот Altamira NYC, секогаш сака да ги фотографира и помалку познатите модели и на неговите обожаватели покрај фотографиите, да им понуди и неколку интересни факти за девојките, што никој не ги знае!
Улична мода, модни ревии, модни забави...да, таа го прави сето тоа и тоа на одличен и уникатен начин! Поранешната партнерка на Скот Шуман, Garance Dorѐ покрај тоа што прави одлични стрит стајл фотографии, црта и неверојатно женствени илустрации кои секогаш сакаме да ги погледнеме. Покрај тоа што на својот одличен блог постојано „закачува“ шик фотографии од уличен стил, таа скоро секогаш ги посочува и местата каде можете да ги купите парчињата од комбинациите на девојките што таа ги фотографира.
Шармантниот Бил почнал да се занимава со оваа професија сосема случајно, откако на една забава во неговата градина во Бруклин во 2008 – та година, му се допаднала идејата да ги фотографира неговите пријатели. Откако тоа добро му тргнало, од неговата градина тој тргнал низ домовите на сите оние кои сакале да се фотографираат, но покрај одличните фотографии, тој секогаш раскажува и цела една приказна за нив.
Швајцарскиот „уличен“ фотограф Иван Родиќ го основаше неговиот одличен блог Face Hunter во 2006 – тата година и оттогаш стана еден од најпознатите светски фотографи познати по одличните фотографии од глобалната мода.
Уникатниот Гунар секогаш ни овозможува да уживаме во неговиот одличен избор на девојки и момци со супер стил од улиците низ Германија. Секогаш храбар и смел, тој на неговиот блог Style Clicker објавува навистина освежувачки фотографии од посетителите на модните недели во едно поинакво светло.
Адам Кетз е вистинскиот човек доколку сакате да погледнете одлични стрит стајл фотографии. На неговиот блог секогаш ќе пронајдете дневна доза на стил од различни градови ширум светот, а ќе можете да уживате и во прекрасните фотографии во висока резолуција.