Блогери, време е за промени!

22 април 2014

fashionbloggers3

Речиси една декада има непишан протокол кога се работи за тоа кој може и како да седи во првите редови на модните ревии. Не се наведнувајте напред, нозете држете ги под столчето, чантата не смее да ја попречува камерата, а сите листови што ги држите во раце, дискретно држете ги во скутот. И не (се) фотографирајте.

Така, на почетокот на 21-виот век, ретко кој уредник се осмелуваше да фотографира. Жил Бенсимон, поранешниот креативен директор на магазинот Elle, беше најпознатиот „нарушувач“ на ова непишано правило. Обечен во бел џинс со неговиот потпис, Бенсимон, кој инаку е и професионален фотограф, фотографираше од неговото место во првиот ред. Но, на другите што ќе се обидеа да „сквернават“, не им беше дозволена таа слобода. На пример, на поранешниот уредник на San Francisco Examiner, Глејдис Палмер, обезбедувањето и го отстранувало апаратот, доколку се обидела да фотографира некој од моделите.

FB

Неавторизирана фотографија беше табу, затоа што модната индустрија беше заедница на дизајнерите, уредниците и продавачите, одделена од другите. Информациите биле од затворен тип, а ревиите не биле следени секогаш во живо. Да се пристапи било навистина тешко.

Но, од 2000-тата па наваму, блогерите ја менуваат оваа динамика. Со нивните дигитални камери, iPhone  iPad апарати тие будно чекаат да ја „фатат“ драмата од модната писта и да ја дистрибуираат директно до нивните следбеници.

Првата генерација на блогери меѓу кои се и Брајан Јамбао, Сузана Ло, Тави Гевинсон и Скот Шуман, оделе по свое. Во нивните зборови и фотографии има искрена и честопати и сурова вистина, која не постоела во традиционалните медиуми. Тие имаа единствени, уникатни точки на гледање на нештата и маркетиншка стратегија. Свесни за тоа како технологијата може да им помогне да го привлечат вниманието на стотици, па дури и илјадници модни фанови, кои беа дотогаш исклучени од секаков разговор и комуникација, ги користеа придобивките.

Брајан Бој со Николас К Брајан Бој со Николас К

Наскоро, модниот свет ги прифати новостите со шриоки раце, така во 2008 година, Марк Џејкобс именуваше чанта токму според блогерот Brayanboy. Во 2009 година, Долче и Габана седеа во прв ред со истиот блогер, како и со Томи Тон, Шуман и Гаранс Дор, од кои се очекуваше да имаат известување во живо на нивниот блог.

Така, уредниците на модните магазини одлучија да се борат, а тоа значеше прифаќање на новите трендови. Почнаа да ги следат ревиите со камера, да ги споделуваат нивните видувања со виртуелниот свет.

Но, со доаѓањето на новата генерација на блогери, повторно се менуваат нештата.

deb_7_bloggers_20120313233749518988-420x0

-Она што е различно од првата генерација е што повеќето од нас, многу ретко се стававме во прв план на нашите блогови. Кај новите генерации, се е во врска со нив. Што може да се заклучи од тоа? Има многу, многу повеќе самопромоција и само за тоа се работи. Тоа сум јас, погледнете ме мене, нели е кул ова, погледнете го светлиот и сончев свет што ви го презентирам - вели Шуман, кој во 2012 година се закити со CFDA награда.

Тој исто така се осврнува на влијанието кое го имаат блогерите.

-Кој сум јас да кажам не ја земајте оваа чанта, или не ги користете овие предности. Но, во исто време, не очекувајте луѓето да го ценат она што го правите. И тука доаѓаме до главната поента. Луѓето почнуваат да притискаат. Тие сакаат да можат да веруваат во она што го кажуваат блогерите.

Скот Шуман Скот Шуман

Во денешно време, постојат многу начини како можете да бидете дел од модниот свет. Блогерите имаат можност да влезат во бекстејџ, но и да бидат дел од шоу. Прашањето е: Што тие сакаат од ревијата? Да го интервјуираат дизајнерот? Да го видат шоуто? Да имаат фотографија од нив, пред шоуто?

Никој не ја порекнува популарноста на блогерите, но се доаѓа до момент кога се поставува прашањето, што дизајнерите добиваат од нив, а што блогерите од дизајнерите, може ли и заслужува ли секој привилегија да биде дел од модниот свет и со кои цели се впушта во него... Од овие бројни прашања, се смета дека златната ера на блогерите полека завршува, освен ако не се појави нова генерација, која повторно ќе ја смени динамиката на нештата.

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Стории