Видео: Ана Винтур, Карл Лагерфелд и Брајан Бој во мини издание
•
17 мај 2013
Многумина од вас сигурно до сега го разгледувале веб порталот „The Coveteur” и знаат дека еднаш неделно се презентираат домовите на модните уредници, фотографи, блогери како што се Мирослава Дума, Ана Дел Русо и голем број други вљубеници во модата.
По повод новиот дизајн на страната, тимот од „The Coveteur” снимија кратко модно видео, кое ќе ве насмее до солзи. Ако некогаш сте се запрашале како би изгледале Ана Винтур, Карл Лагерфелд и Брајан Бој во мини издание, тогаш погледнете го видеото.