Ова се најубавите божиќни саеми во Англија

7 декември 2013

Заборавете на преполните шопинг центри и прескапите производи – божиќните саеми се вистинскиот избор за оваа година!

Буквално секој дел од светот е препознатлив по некој совршен божиќен саем, каде посетителите можат да уживаат во бескрајните светилки, прекрасниот мирис на палачинки и чај со цимет, а секако и да си одберат некое парче по сосема прифатлива цена и да уживате во неверојатните јадења.

Според многумина, ова се најубавите божиќни саеми во прекрасната Англија. Погледнете ја атмосферата и што истите имаат да понудат, па доколку се одлучите да отпатувате токму таму за празниците и затекнете некој од саемиве, никако не пропуштајте го бидејќи таму е целата магија!

Белфаст, Северна Ирска

Прекрасни, мали куќички се поставени во центарот на овој прекрасен град каде се одржува овој божиќен саем традиционално, секоја година. Посетителите може да уживаат во белгиски вкусни чоколади, француски колачиња и пити, па се до разни сирења и германски колбасици.

Манчестер

Доколку се најдете во Манчестер за празниците, никако не пропуштајте барем еден од многуте саеми што се одржуваат во градот. Има од се по нешто за сечиј вкус – уникатен накит, работи од кожа и специјални јадења.

Костволдс

Освен тоа што има неверојатна природа и архитектура како од бајка, ридското место Костволдс во Англија има и прекрасен божиќен саем. Посетителите можат да уживаат во вкусните јадења и специфичните сирења и да си купат нешто од одличните рачни изработки.

Девон

Округот Девон во Англија го има можеби најавтентичниот божиќен саем. Тамошните локалци изработуваат голем број на рачно изработени подароци и специјалитети вклучувајќи и скара, баклава, белгиско чоколадо, палачинки и специјални сирења.

Единбург

Посетителите на овој саем можат да избираат буквално што сакаат од најдобриот избор на храна и пијалаци. Покрај добрата храна, може да уживате и во најразличните детски активности и хорското пеење.

Лондон

Доколку сте во Лондон за празниците, мора да посетите барем еден од многуте саеми што се случуваат тука. Ќе најдете вкусна храна, дрвени изработки, лизгалиште, циркус и што уште не.

Западен Јоркшир

Овој автентичен германски божиќен маркет, сместен во срцето на Милениум Сквер, нуди традиционални германски деликатеси вклучувајќи колбаси на скара, гулаш, шницли и друго продавани и направени од Германци. Додека уживате во храната и шопингот, заиграјте и на музиката на секогаш совршено одбраните германски бендови.

Бирмингем

Токму таму се одржува најголемиот германски божиќен саем, но надвор од Германија. Посетителите можат да уживаат во вистинска германска атмосфера во мали специјално создадени селца, да пијат пиво и да јадат многу месо и слатки. Таму можат да се најдат и некои од најуникатните божиќни подароци направени од дрво.

Кантербури

Историскиот и прекрасен Кантербури нуди традиционален божиќен саем со многу вино, божиќна музика и рачно изработени производи во сите 12 штандови.

Нотингем

Овој божиќен саем во Нотингем е буквално преполн со празнични специјалитети, облека, рачни изработки, вкусна скара, печени костени, прекрасно вино... Посетителите можат да уживаат и во прекрасната зимска атмосфера со огромно божиќно дрвце.

Сванси

Божиќниот саем во Сванси, Велс е познат по уметноста. Таму ќе најдете прекрасни слики и најразлични изработки. Секако, добро подготвената храна е нешто што не се пропушта. Посетете ја и неверојатната Winter Wonderland.

Глазгов

На овој саем ќе најдете буквално се од сите земји од светот, благодарение на големиот број трговци што ги презентираат своите производи. Напијте се пиво и задолжително почестете се со француска палачинка.

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Актуел