Креативните умови од британското дизајнерско студио Joint London оваа година решија да ни прикажат еден сосема поинаков Дедо Мраз.
Доколку досега бевме навикнати да го гледаме во неговата добро позната црвено – бела облека, оваа година тимот графички дизајнери го „облече“ во комбинации од најдобрите светски дизајнери.
Речиси на сите фотографии можеме да го видиме Дедо Мраз во тотално кул парчиња меѓу кои и оние најпродаваните на Александар Ванг, Кензо, Сен Лоран, Рик Овенс и уште неколку други.
Забавните фотографии ќе бидат употребени за новогодишни честитки и картички, со што секој ќе може да си го одбере оној Дедо Мраз што му се чини најмодерен.
На секоја фотографија, слаткиот дедо е во неговата најпозната поза која секоја година можеме да ја видиме на рекламите на Кока – Кола, заедно со неговата добро позната весела насмевка, долга брада и среќно лице.
Се чини оваа година Дедо Мраз ќе го гледаме во едно малку поинакво, дизајнерско руво! Како ви се допаѓа?