Пантон ги објави топ 10 боите за есен 2014

7 февруари 2014

Познатиот институт за бои  „Пантон“ ја донесе пресудата за најпопуларните бои за есен 2014 од презентираните машки и женски есенски колекции. Листата од бои нуди рамнотежа и еднаква застапеност на јаките нијанси, но и оние ладни тонови препознатливи за примената од колекциите за есенската сезона. Егзотичната нијанса на црвено вино или Сангриа, дизајнерите и брендовите во колекциите ја употребиле околу 16 проценти, како од женските така и во машките креации. Со таква процентуалност, нијансата „Sangria“ ќе биде најпопуларна за есен 2014 година.

 

Следна или на второ место, е софистицираната „Aurora Red“ која е употребена 13% од женските и 14% од машките колекции. На третата позиција е светлата виолетова „Radiant Orchid“ која е мешавина од розова, виолетова и циклама.

Четвртата позиција ја делат две нијанси на бои, „Mauve Mist“ и  „Sea Fog“ кои имаат приближно исто рангирање од употребата како во машките така и во женските есенски колекции.

 

Од петтата до десеттата позиција веќе преовладуваат  неколку нијанси на сиво, како и кралската и кобалтна сина, мистична жолта. Извршната директорка на институтот, Леатрис Ајсман изјавува дека сите се насочуваат кон оригиналност, имагинација и уметност.

-Дизајнерите сакаат сите ние да се забавуваме со облеката и да уживаме во она што го носиме, но во тоа секако е потребна практичноста. Боите говорат за идејата на оптимизам во модата, но нејзиниот поголем дел се уште се однесува само на економскиот аспект, додава Ајсман.

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Актуел