Следната есен ќе биде обоена во сино

12 февруари 2016

Институтот за бои „Пантон“, објави кои бои ќе бидат актуелни следната есен. Во фокусот се најмногу сините нијанси.

-Желбата за мир, сила и оптимизам нè инспирираше палетата на бои за есен –зима 2016/17 година да биде предводена од сините нијанси. Покрај нив, присутни се и земјените тонови, како и црвените и виолетовите.  Синото небо ја претставува константата што е секогаш нас нас. Сивата ни дава чувство на стабилност. Црвените тонови повикуваат на самодоверба и топлина, додека виолетовите и жолтите нијанси на егзотика – објаснува Леатрис Ајсман, извршен директор на „Пантон“.

Во продолжение погледнете ги нијансите што ќе доминираат и во модниот свет, како и во областа на ентериерот.

Објавено:
12 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
783 пати