Париз е секогаш добра идеја

25 јуни 2013

Есенската make up колекција на Ланком ја ангажираше својата „стара“ амбасадорка Кејт Винслет. Продолжувањето на соработката помеѓу оваа козметичка куќа и актерката која е во блажена состојба не е изненадување, ако го земеме во предвид фактот дека веќе неколку сезони токму ѕвездата од безвременскиот Титаник е заштитно лице на кампањите за убавина кои ги промовира оваа козметичка куќа. Кејт ги сликаше и промотивните фотографии за новата колекција со која се најавуваат есенските трендови во светот на убавината, а е  насловена како L’Absolu Desire.

 

 

Непресушна инспирација за новите производи е секако, Париз, градот на светлината, а омотот на производите го краси Ајфеловата Кула во црно-златна варијанта. Оваа лимититрана колекција вклучува палета на ружови, кои веќе на прв поглед заведе цела една војска на модни блогерки, како и специфични нијанси на црвен кармин за усни.

 

 

Иако сеуште не се познати деталите во врска со официјалното лансирање на оваа нова  колекција шминка, Ланком објави неколку производи кои несомнено ја разгорија искрата на нетрпеливост кај неговите обожавателки.

 

 

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Актуел