Лили Колинс е новото заштитно лице на Ланком

2 октомври 2013

Шармантната 24 – годишна актерка и модел Лили Колинс е новата амбасадорка на францускиот бренд за козметика Ланком.

Со оваа соработка, младата Колинс им се придружи на актерките кои досега беа заштитни лица на брендот како Кејт Винслет, Ема Вотсон и американската убавица Џулија Робертс.

Прекрасната актерка и модел, инаку ќерка на ѕвездата од 80 – те Фил Колинс, изгледа одлично во новата кампања на брендот.

„Со нејзиниот шарм, грациозност и младешки дух, Лили Колинс е совршена за нашиот бренд“, вели Francoise Lehmann, генерален менаџер на Ланком Интернационал.

Со нејзиното искуство во манекенските води и нејзината единствена убавина, ние сме повеќе од сигурни дека Ланком воопшто не погрешиле во изборот на новата муза.

Објавено:
2 октомври 2013
Категорија: 
Актуел