Спектакуларна гала вечера на Vogue во Париз

10 јули 2014

Vogue гала вечера: Ванеса Траина, Наташа Поли и Александар Ванг Vogue гала вечера: Ванеса Траина, Наташа Поли и Александар Ванг

Париз, деновиве не само што комплетно дише во модниот ритам, бидејќи е во тек модната недела за висока мода за сезоната есен-зима 2014/15, туку нуди и навистина богата агенда на забави кои ги пополнуваат доцните часови од ноќта.

Vogue гала вечера: Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Марио Тестино и Карли Клос Vogue гала вечера: Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Марио Тестино и Карли Клос

Првите редови на претпоследниот ден на париската модна недела и вчера беа резервирани за славните холивудски имиња од светската модна, музичка и филмска индустрија. Ова се и ретки моменти кога славните личности можат да се дружат меѓу себе и да поминат некое време заедно. Кулминацијата на четвртиот  ден од модната недела во Париз се постигна со гала вечерата која е во организација на фондацијата на француски Vogue во дворот на музејот Галиера.

Vogue гала вечера: Мирослава Дума Vogue гала вечера: Мирослава Дума

Приказната за формирање на една ваква фондација започна во февруари, кога основањето на фондот за француски Vogue беше официјално најавен со првата изложба на колекции од најпознати модни куќи во истоимениот музеј. Средствата кои беа собрани од тогашната изложба беа околу 100.000 илјади евра.

Vogue гала вечера: Марио Тестино и Карли Клос Vogue гала вечера: Марио Тестино и Карли Клос

Vogue гала вечера: Ентони Вакарело и Ања Рубик Vogue гала вечера: Ентони Вакарело и Ања Рубик

Vogue гала вечера: Одри Тату Vogue гала вечера: Одри Тату

Меѓу познатите кои присуствуваа  на вечерата беа и моделот Карли Клос, познатиот фотограф Марио Тестино, актерката Одри Тату, дизајнерот Албер Елбаз, Фрида Џанини, Мирослава Дума, Ања Рубик и Ентони Вакарело и многу други.

моден коктел во органзација на Ланком: Кејт Винслет, Дарија Вербови Моден коктел во органзација на Ланком: Кејт Винслет, Дарија Вербови

Додека дел од гостите решија да разговараат за иднината на модата на гала вечерата која е во организација на фондацијата на париски Vogue, другиот дел од ѕвездената толпа одлучи присуствува на завршниот моден коктел на Ланком.

моден коктел во органзација на Ланком:Каролин де Магрет и Дарија Вербови Моден коктел во органзација на Ланком: Каролин де Магрет и Дарија Вербови

Поводот за модниот коктел е тоа што големиот козметички гигант  ја прошири својата дејност и  се вклучи во производство на облека и модни додатоци. Францускиот бренд Ланком во текот на ноќта претстави три нови креации создадени од страна на дизајнерските брендови на Александар Вотиер, Јигинг Јин и Jacquemus. Меѓу присутните беа актерката Кејт Винслет и Каролин де Магрет која ја искористи можноста и ја најави соработката со козметичката компанија Ланком. Наесен треба да излезе колекција за шминка која ќе го носи нејзиниот потпис.

модно шоу на Мезон Мартин Марџела: CL Модно шоу на Мезон Мартин Марџела: CL

Претпоследниот, четврти ден на модната недела за висока мода го отвори шоуто на белгискиот дизајнер Мартин Марџела, па продолжија магичниот Ели Сааб, генијалниот Жан пол Готје, Виктор и Ролф чии модни презентации ги посетија најповиканите имиња во модната индустрија.

модно шоу на Мезон Мартин Марџела:Ана Дело Русо Модно шоу на Мезон Мартин Марџела:Ана Дело Русо

Креативниот консултант на јапонски Vogue, легендарната Ана Дело Русо носеше макси здолниште во бела сјајна боја со висок струк и црна топ маичка во X- крој, едноставна фризура и светкава чантичка.

модно шоу на Мезон Мартин Марџела: Лија Лезарк Модно шоу на Мезон Мартин Марџела: Лија Лезарк

Најголемо внимание на ревијата предизвика аутфитот на Лија Лезарк која носеше неверојатно интересна маичка и наликуваше на боди арт тетоважи во комбинација со тесни црни фармерки и кожени чизми до глужд.

модно шоу Ели Саб: Нина Добрев Модно шоу Ели Сааб: Нина Добрев

модно шоу Ели Саб: Оливија Палермо Модно шоу Ели Сааб: Оливија Палермо

Незабележана не остана ниту познатата трендсетерка Оливија Палермо која носеше црни панталони попрскани со бели цветови, од брендот на Банана Републик бела маичка на прерамки декорирана со неправилни форми на црни точки, црно сако, чанта во леопардов принт од модната куќа на Кристијан Диор и црни сандали на потпетица украсени со дијаманти.

модно шоу на Жан Пол Готје: CL Модно шоу на Жан Пол Готје: CL

модно шоу на Жан Пол Готје: Фарида Келфа Модно шоу на Жан Пол Готје: Фарида Келфа

Мошне впечатлива визија понуди и француската актерка Фарида Келфа, која беше во духот на андрогениот изглед. Женски костум со сако и панталони во комбинација со бела кошула, црна кадифена панделка на јаката и масивен брош во форма на срце на левата страна од сакото.

модно шоу на Валентино: Ким Кардашијан Модно шоу на Валентино: Ким Кардашијан

Најголем број на ѕвездени посетители имаше на шоуто на Валентино. Сосема оправдано и очекувано во фокусот на медиумите беше старлетата Ким Кардашијан која носеше макси припиен фустан во боја на мента надополнет со длабоко и провокативно деколте во V-израз.

модно шоу на Валентино: Оливија Палермо и Јоханес Хуебл Модно шоу на Валентино: Оливија Палермо и Јоханес Хуебл

Трендсетерката Оливија Палермо прво ја видовме на шоуто на Ели Сааб, но таа успеа да присуствува и на ревијата на Валентино, во друштво со својот сопруг Јоханес Хуебл. Вистинска слика и прилика за тоа како треба да изгледа совршено компатибилен моден пар. Палермо носеше краток фустан во А-крој чиј горен дел беше во форма на кошула во бела боја, а здолништето презентираше игра на црни и портокалови тонови, клач-чанта со реси и сандали на високи потпетици. Нејзиниот сопруг пак, се појави во темно син костум и светло сина кошула со бела јака, темно виолетова вратоврска и сиви еспадрили.

модно шоу на Валентино: Ема Вотсон Модно шоу на Валентино: Ема Вотсон

На модниот перформанс кај Валентино меѓу почесните гости беше и актерката Ема Вотсон, која носеше тантелна креација. Станува збор за дводелна комбинација на здолниште и краток топ, надополнети со кожена црна јакна, црвени потпетици и мала правоаголна чанта.

Модно шоу Виктор и Ролф: Џеси Рејмонд Лакроа Модно шоу Виктор и Ролф: Џеси Рејмонд Лакроа

Модно шоу Виктор и Ролф: Миа Морети Модно шоу Виктор и Ролф: Миа Морети

Убавата русокоса Миа Морети носеше дводелна комбинација на Банана Републик во светло сина и бела боја, широка кошула и панталони со должина до над глужд, на модното шоу на Виктор и Ролф. Станува збор за .

Во продолжение уживајте во фотографските кадри уловени на забавите и за време на модните ревии:

Објавено:
10 јули 2014
Категорија: 
Сцена