Париз - следниот град на мапата кој ќе пулсира во модниот ритам

23 септември 2014

Модниот караван наречен „модна недела“, продолжува со својата авантура на европско тло. На ред е градот на светлината, Париз, кој специјално за сите модни вљубеници и обожаватели почнувајќи од денес 23-ти ќе пулсира во модниот ритам се до први октомври. Fashionel повторно ќе биде во чекор со дизајнирате и ќе ве известува за сите новини и актуелни трендови. Во продолжение еве ја програмата на настапи почнувајќи од денес.

Стартот е резервиран за: Лусиен Пелат, Кори Нилсен, Кристин Фанг, Лиа Пекре, Паскал Милет, Devastèe, Anrealage, Антони Вакарело, Жакмус и Hood by Air.

Утре 24-ти септември своите „пет минути“ слава ќе им бидат отстапени на: Кристоф Лeмар, Седрик Чарлиер, Гај Ларош, Јанг Ли, Дамир Дома, Дрис Ван Нотен, Рошас, Агановиќ, Вионет и Баленсијага.

Во четврток на 25-ти модната агенда ќе ја потполнат: Роланд Мурет, Карвен, Маниш Арора, Ен Демулеместер, Шерон Вукоб, Балман, Барбара Буи, Нина Ричи, Рик Овенс, Кристијан Винантс, Ланван и Гозија Базинска.

Наредниот ден модниот барометар повторно ќе ја достигне кулмнацијата со модните перформанси на: Loewe, Chalayan, Џулиен Дејвид, Кристијан Диор, Изабел Марант, Undercover,  Andrew GN, Мезон Мартин Марџела, AF Vandervost и Јоши Јамамото.

Модната еуфоријата ќе биде со ист интензитет и на 27-ми, кога под рефлекторите на пистите ќе ги видиме ремек делата на: Junya Watanabe, Хајбе Акерман, Цумори Кисато, Маглер, Виктор и Ролф, Acne Studios, Вероника Лирој, Вивиен Вествуд, Comme des Garcons, Жан Пол Готје и Олимпија Ле-Тан.

Веќе на 28-ми „силите “ ќе си ги измерат дизајнерските виртуози: Кензо, Максим Симоенс, Селин, Мартин Грант, Maison Rabih Kayrouz, Клое, Џон Галијано, Акрис, Жан Пол Лезпањард и Живанши.

На 29-ти ќе имаат можност да се претстават: Стела Мекартни, Сакаи, Леонард Парис, Џамбатиста Вали, Емануел Унгаро, Ели Саб, Вероника Бранкињо, Соња Рикел и Сен Лоран.

Претпоследниот ден е резервиран за: Шанел, Агнес Б., JC de Castelbajac, Валентин Јудаскин, Валентино, Џуњо Шимада, Ирис Ван Херпен, Шиатцу Чен, Пол и Џо и за крај Александар Меквин.

Честа да ја затворат Париската модна недела ќе ја имаат: Луј Витон, Маша Ма Монклер Гам Роуг, Allude, Миу Миу, Рајул Мишра, Ермес, Мун Јанг Хи и YDE.

 

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Актуел