Одбројувањето на последните, денови, часови и секунди, од оваа 2013 година и исчекувањето на возбудата што ќе ни ја донесе новата 2014 година, е настан што најубаво и највесело се поминува со луѓето што ви значат во животот и кои секојдневно придонесуваат за да доживеете убави мигови. Пред неколку дена еден таков настан чија цел е да се одбележи успешната 2013-та, организираше македонскиот бренд „Пелистерка“.
На забавата која се случуваше во срцето на градскиот плоштад, присуствуваа голем број познати личности од македонската естрада, модната сцена, музичката индустрија, бизнис партнери и соработници. Додека сите беа во исчекување на традиционалната реализација која брендот „Пелистерка“, секоја година ја промовира и стана нивен заштитен белег - атрактивниот календар, Каролина Гочева се погрижи за добрата забава.
„За 2014 година подготвивме приказна која ја поврзува неприкосновената женска убавина во комбинација со моќните зборови кои што најдобро и најсликовито ја опишуваат „Пелистерка“, изјави ПР на компанијата Иванна Хаџиевска-Кошка.
Темата која го следи развојот на календарот низ 12-те месеци, зборува за доминанти, различни и сигурни жени.
Идејата и концептот на календарот се комплетно на фотографот и режисер на проектот Чедо Поповски кој ги избра и девојките за потребите на календарот. Снимањето се одвиваше на три локации во Скопје, Штип и Маврово. За шминката се погрижи Зоран Шурбевски. Девојките кои позираат се: Пенелопа Стаматовска, Симона Марковска, Диона Денковска, Верица Горгиева, Сара Анастасовска и Луција Филипашиќ.
Во продолжение погледните ги ексклузивните фотографии од забавата, а наскоро ќе ги објавиме и официјалните фотографии од новиот календар на „Пелистерка“ 2014.