Ања Хиндмарч се соочи со гневот од страна на организацијата која ги штити правата на животните ПЕТА, поради украсување на излогот на нивната продавница која се наоѓа на Бонд Стрит, со јато препарирани патчиња. Организацијата и претходно го критикуваше британскиот бренд, заради употреба на питонска кожа но и други кожи од егзотични животни.
„Не постои грдо пајче, но затоа постојат грди чанти. Ние сме сигурни дека овој ужасен излог ќе ги одврати клиентите да не влегуваат во вакви продавнници. Можеби изгледаат симпатично и слатко, но треба да знаеме дека тие се симпатични и слатки само кога се живи“, изјави потпаролот на организацијата за правата на животните.
Создавањето на вакви препарирани животни, бара посебна обука. Овој начин на препарирање животни се користи од античко време уште од 1947 година. Потпаролот на Hindmarch, во своја одбрана за британски Телеграф, изјавил дека патчињата биле купени од антикварница. Како понатаму ќе се одвива случајот нема официјални информации, сега за сега двете страни молчат.