Петте најбогати жени во светот за 2016

9 март 2016

Магазинот Форбс ја објави листата на најбогатите жени во светот за 2016 година.

На врвот и годинава останува наследничката на козметичкиот гигант L'Oreal, чие богатство е проценето на 36.1 милијарди долари што е за четири милијарди повеќе од богатството на Алис Валтон (наследничка на империјата „Валмарт"), дамата која се најде на второто место на оваа листа.

Лилијан Бетенкорт

На третото место е сопственичката на чоколадите Марс, Жаклин Марс со моментално богатство од 23.4 милијарди долари, додека Мариа Франка Фисоло, сопственичка на „чоколадната куќа" Фереро, е на четвртото место со богатство проценето на 22.1 милијарда долари.

Алис Валтон

Германката Сузан Клатен, која поседува половина од акциите на автомобилската компанија BMW, ја заокружува оваа петорка на најбогатите жени во светот за оваа година.

 

Објавено:
9 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.272 пати