Сега постојат многу повеќе жени милијардери отколку кога било досега, гласат најновите анализи на магазинот „Форбс“. Минатата година бројот од листата на жени милијардери бил 138, сега таа бројка се издигна со рекорден процент, а моментално на списокот има 172 жени. Од светот на модата меѓу првите позиции се рангирани Миуча Прада со богатство од 11,1 милијарда долари, основачката на козметичката компанија Лореал, Лилиан Бетенкорт поседува 34,5 милијарда долари, Тори Берч со 1 милијарда, Ерин Лаудер има салдо од 1,1 милијарда долари, ќерката пак на сопственикот на шпанскиот бренд Зара,Сандра Ортега Мера има 6,1 милијарда долари. Во истиот „кош“ се најдоа и Опра Винфри со 2,9 милијарди, но и извршната директорка на Фејсбук Шерил Сандберг која има 1 милијарда долари. Инаку, италијанската етикета Прада, во сопственост на Миуча на доделувањето на Оскарите ги имаше најуспешните креации на црвениот килим и официјално е модниот победник на Оскар. Пет победници, ласкава статуетка и посебна пофалба за креациите на Прада.
Имињата на победниците ги вклучуваат: Лупита Нјонго, Стив Меквин, Алфонсо Куарон и костимографката Кетрин Мартин со која Миуча соработуваше за костимите во филмот „Големиот Гетсби“. Оттука не изненадува фактот дека Миуча Прада е меѓу најбогатите жени од модната индустрија.